Боливија одлучи да ја протера амбасадорката на Мексико

Вршителот на должност претседател на Боливија, Хенин Ањес изјави дека нејзината влада одлучила да ја протера мексиканската амбасадорка Марија Терза Меркадо поради наводните обиди на членови на поранешната боливиска власт да се засолнат во мексиканското дипломатско претставништво и да ја напуштат земјата.

Ањес истакна дека на мексиканската амбасадорка ѝ се дадени 72 часа да ја напушти Боливија.

Група од девет поранешни функционери во владата на соборениот боливиски претседател Ево Моралес побарале засолниште во мексиканската амбасада, откако Моралес минатиот месец се повлече од власт под притисок на војската и јавноста.

Актуелната боливиска власт покрена кривични пријави против официјални претставници поради бунт, тероризам и изборни измами и одби да им дозволи безбеден излез од земјата.

Боливиската влада обвини шпански дипломати дека се обидуваат да им помогнат на деветмината функционери да ја напуштат денеска мексиканската амбасада, објаснувајќи дека Шпанците пристигнале во амбасадата во придружба на група мажи со качулки. Шпанија ги отфрли таквите обвинувања.

– Извршено е сериозно прекршување на боливискиот суверенитет и демократија, кои мора да се почитуваат, истакна Ањес.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе