Болка, гадење, умор, депресија: Една бактерија може да биде причината

Се проценува дека половина од човештвото е заразено со Helicobacter plyori, но симптомите на болеста, инфекција која ја напаѓа гастричната слузница, не се развиваат кај секого. Може да остане во нашето тело незабележана до крајот на животот.

Освен во гастричната слузница, може да се појави и во денталниот плак, ранички во усната шуплина, плунката и столицата. Како и сите други бактерии, многу лесно се пренесува преку нечисти раце, поради што популарно се нарекува болест на валкани раце.

Причина за инфекција

Недоволно чиста храна, неисправна вода, како и валкани раце се најчестите начини за пренесување на оваа инфекција. Исто така, инфекцијата со Helicobacter plyori може да се пренесе преку уста од заразени на здрави луѓе.

Најчестите симптоми се болки во желудникоот, киселини, надуеност, лошо и тешко варење, гадење, повраќање и лош здив.

Некои пациенти со хроничен гастритис немаат никакви проблеми, но тие, од друга страна, може да се интензивираат ако, на пример, постои чир на желудник поврзан со инфекцијата. Покрај силната болка, која е најдоминантен знак, има губење на апетит, а со тоа и телесна тежина, а има крв и во столицата, што се јавува во околу 25 проценти од случаите.

Постојат и други симптоми кои укажуваат дека Helicobacter plyori се населила во нашето тело. Тоа се: депресија, недостаток на енергија и сила, вознемиреност, хроничен умор, несоница, промени на кожата. Интензитетот на непријатност е различен, така што кај некои пациенти ќе преовладуваат стомачни нарушувања, додека други посилно ќе ги чувствуваат индиректните симптоми.

Поврзаност со рак

Покрај тоа, според најновите податоци, постои зголемена поврзаност на Helicobacter pylori и рак или (MALT) гастричен лимфом. Ова дава нова, многу посериозна димензија на оваа бактериска инфекција, особено затоа што уште не е утврдено зошто овие болести се развиваат само кај одредени пациенти.

Особено загрижува појавата на рак на желудник кај заразените со Helicobacter pylori.

Терапија

Терапијата на оваа инфекција првенствено подразбира целосна промена во исхраната и животните навики. Треба да јадете редовно и често, во мали количини, а неопходно е да избегнувате многу зачинета и лута храна, како и алкохол.

Инфекцијата со Helicobacter pylori може да се поврзе со нетолеранција на глутен, па затоа пациентот треба да избегнува леб, тестенини, колачи или храна што содржи пченично брашно, пченица или јачмен.

Исто така, сојата и кравјото млеко не се пожелни во исхраната, како и кофеин, алкохол, сол, индустриски обработена храна, масно црвено месо и газирани пијалоци. Лекувањето на Helicobacter pylori бара дисциплина и конзистентност во исхраната.

За да се избегнат непријатните симптоми, во менито треба да се воведе храна богата со растителни влакна, како што се овошје и зеленчук, особено јаболка, брусница, кромид, целер, мешунки и ленено семе.

Од месо треба да се одбегнува пржено, како и скара. Пожелно е да се воведе риба најмалку двапати неделно. Избегнувајте вештачки засладувачи и шеќери и обидете се да јадете помалку кисело овошје.

Моќен зеленчук - најдобар сојузник

Едно истражување покажа дека само 70 гр брокула дневно се доволни за да се намали концентрацијата на Helicobacter pylori за дури 40 проценти. Треба да ја следите оваа диета најмалку два месеци.

Брокулата е храна која обезбедува речиси сѐ што е потребно за здравје, подмладување и детоксикација на телото. Спречува алергии, настинки, артритис, рак, докажуваат истражувањата, но и очни болести, ја дава потребната енергија и виталност, а помага и при слабеење.

Оваа инфекција се лекува со промена на начинот на исхрана, но и со лекови, така што за оздравување клучна е терапијата за која сте се договориле со докторот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Здравје

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more
 

Магазин

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе