Болка и непријатност за време на секс – кои се најчестите причини?

Од чувствителност на материјалот и лубрикантот на кондомите до тешки инфекции, причините за иритации и болка во интимната зона кај жените  може да бидат различни.

Секоја жена најмалку еднаш во животот почувствувала некаква непријатност „таму долу“ за време на сексот или потоа. Симптомите на вагинална иритација се различни - пецкање, чешање, црвенило, триење, па дури и болка.

Овој вид на непријатност, ако не се лекува, може да предизвика поголеми проблеми и да го наруши квалитетот на животот на жената. Зошто се јавиле симптомите, со што се поврзани и што треба да направиме за да ги спречиме и излечиме, советува д-р Жељко Павловиќ, началник на Одделението за гинекологија во Општата болница во Лозница, Србија, во прилогот на порталот mondo.rs.

Болка за време на самиот сексуален чин, особено при пенетрација, како и пецкање и непријатно чувство на триење се само некои од најтешките тегоби со кои се соочиле многу жени за време на сексот и потоа. Она што е симптоматично е што болката најчесто престанува за неколку минути, но непријатноста трае подолго.

Што ги предизвикува овие симптоми?

„Болка за време на сексуалниот однос може да се јави во пределот на вагината или во долниот дел на стомакот, но и на двете места. Вагиналната болка или непријатност која најчесто се манифестира како пецкање или чувство на иритација, главно се предизвикани од некаква вагинална инфекција. Ако имате пообилен секрет или какво било воспаление на вагиналната слузокожа или во пределот на влезот во вагината (вулвата), често се случува за време на сексуалниот однос – при пенетрација – да се јави болка, чешање, иритација, пецкање, но и комбинација од овие симптоми“, вели д-р Павловиќ.

„Болка при сексуалниот однос или каква било непријатност може да бидат предизвикани и од воспаление на матката, јајниците или јајцеводите, како и од постоење на цисти на јајниците, ендометриоза, но и од израстоци или ранички кои се појавиле како резултат на претходни операции во оваа регија, па предизвикуваат пречка во сексуалниот однос“, додава д-р Павловиќ.

Првиот чекор кон решавање на проблемот, секако, е посета на гинеколог.

„Одговорот на прашањето ‘Што да правам?’ е лесен: Одете на гинеколог. Докторот ќе направи детален преглед, ќе земе вагинален и цервикален брис, примерок за ПАП тест и ќе направи колпоскопија, како и ултразвучен преглед – најдобро со вагинална сонда -  и на тој начин ќе постави дијагноза по која ќе препорача терапија“, советува тој.

Дали кондомите може да се причина за вагинална непријатност?

„Употребата на кондоми е корисна пред сѐ како средство за заштита од непланирана бременост, но и за заштита од сексуално преносливи болести. Непријатност од користење на презервативи може да се случи ако кондомот фабрички нема доволно лубрикант или сте пречувствителни на материјалот од кој е изработен или на самиот лубрикант. Ако слузокожата на вагината е веќе иритирана, тоа може да предизвика дополнителна непријатност. Внимавајте при изборот на брендот и видот на кондоми“, препорачува д-р Павловиќ.

Уринарна инфекција

Ако се појават тегоби во уринарниот тракт неколку дена по сексуалниот однос, тоа значи дека има инфекција на мочниот меур која треба да се лекува со претходна анализа на урина и уринокултура. Пожелно е да се уринира непосредно пред сексуалниот однос и да имате секс на празен мочен меур. Поврзаноста меѓу сексуалниот однос и уринарната инфекција е што инфекцијата од вагината или пенисот може да се пренесе во мочниот меур преку надворешниот отвор на мочниот канал.  Препорачливо е да се врши мала нужда и по сексуалниот однос за да се прочисти каналот.

Дали честите сексуални односи имаат врска со непријатните симптоми?

Колку често имате секс повеќе има психолошко значење, вели д-р Павловиќ, но додава дека и тоа е фактор, особено кај жените во зрели години.

„Секако дека годините имаат влијание врз квалитетот на сексуалните односи кај жената. Со годините се намалува влажноста на вагината, што е поврзано со хормонската функција. Тоа може да се регулира со лубриканти“, вели тој.

Дали големината и обликот на пенисот имаат влијание?

Големината и обликот на пенисот немаат никакво влијание врз иритациите при сексуалниот однос.

Што предизвикува иритации кај мажите?

Ако се констатира воспаление на слузокожата на вагината кај жената, треба да се лекува и партнерот. Тој треба да се советува со уролог кој ќе му одреди терапија.

Денес отстранувањето на влакната од интимните делови на телото е пракса и кај мажите, но д-р Павловиќ вели дека тоа не би требало да има големо влијание врз појавата на непријатности.

реклама

10 август 1913, Со Букурешкиот договор била поделена Македонија

Read more

Голема експлозија и во Русија

Read more

Видра скокна на брод бегајќи од орка кит

Read more

Осветлен и раззеленет, стадионот во Прилеп предаден на општината

Read more

Љубов и секс

Колку калории се трошат за време на сексот?

Read more

Пет најчести лаги кои жените ги кажуваат за сексот

Read more

Пет грешки во сексот поради кои изгледате како почетник

Read more

Како мастурбацијата влијае на здравјето?

Read more

Магазин

  • play_arrow

Најскапата маска против COVID-19 е од злато и дијаманти

Читај повеќе

Колку калории се трошат за време на сексот?

Читај повеќе

Арнолд Шварценегер стана дедо

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајк Тајсон три рунди се бореше со ајкули и победи со „нокаут“

Читај повеќе

Зошто некои луѓе минуваат со полесни симптоми, а други се борат за живот?

Читај повеќе

Пет најчести лаги кои жените ги кажуваат за сексот

Читај повеќе
  • play_arrow

Бил Гејтс: Пандемијата за богатиот свет ќе заврши до 2021, за другите подоцна

Читај повеќе
  • play_arrow

Здраво и вкусно: Осум рецепти за врап со туна и пилешко

Читај повеќе
  • filter

Највисокиот монтажен облакодер во светот се гради во Сингапур

Читај повеќе