Болницата „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје има долг од 5 милиони евра, или околу 243 милиони денари, соопшти новиот директор Христијан Костов, кој на денешната прес-конференција информираше во каква состојба ја затекнал болницата , откако тој стапил на функцијата.

„Долгот е кон разни фирми и останати долгови од разни неплатени сметки, режиски торошоци и казнени камати од некои тужбени барања“, изјави Костов.

Тој додаде дека во делови од болницата не се направени никакви поправки подолго време, или поточно 46 години , од пуштањето на болницата во 1971 година. Најитно според Костов е интервенција на операционите сали.

„Со ова темпо на работа на болницата, во догледно време нема да бидат функционални. Треба да се има предвид дека на годишно ниво во ГОБ се изведуват 6-7 илјади оперативни интервенции. Освен оперативниот блок и одделот за интензивно лекување и другите сегменти, како абулантските простории треба да се обноват. Тука се опслужуваат годишно околу 250 илјади пациенти“, рече Костов.

Костов најави дека има два приоритети во својата работа – реконструкција на оперативниот блок и единицата за реанимација, бидејќи таму операциите се одвивале во како што кажа субстандардни услови, и воспоставување воздушен транспорт е вториот приоритет, односно превезувањето на пациентити со хеликоптер, што според него, ќе го скрати времето на превезување на пациентот од целата држава до болницата, што е клучно, како што рече Костов, во одредени случаи за намалување на морталитетот и зголемување на безбедноста и сигурноста на пациентите.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more
 

Вести

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе