Болниците „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“ имаат капацитет за лекување пациенти со COVID-19

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Приватните болници „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“ укажаа дека имаат протоколи за изолација и таму ќе можат да се лекуваат пациентите кај кои е дијагностициран COVID-19, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Истакна дека во овие три болници има патеки за изолација во кои може да се третираат пациенти за таа услуга за која биле иницијално примени, со цел да се ослободи капацитетот односно притисокот од болницата „8 Септември“, каде што обично се префрлаа овие пациенти.

– Она што се наметна како потреба во самата технологија на работа на приватните болници, кога имаше пациент што таму е примен за друга здравствена услуга за која можеби плаќа Фондот, доколку приватната установа има договор или целосно пациентот плаќа приватно, доколку се дијагностицираше да има COVID-19, тогаш во болницата „8 Септември“ приватните болници ги префрлаа пациентите. Меѓутоа, таму сега е сериозен притисокот на болницата и ние на овој начин сакаме да ја зачуваме, вели Филипче.

Како што кажа, сега, доколку пациент што се лекува во приватна болница за друга услуга а во меѓувреме е дијагностициран со COVID-19, тој останува таму да се лекува во одделението за изолација во соодветната билница.

– Доколку нормално му е потребна здравствена услуга што ќе значи третман на болеста воспаление на белите дробови заради COVID-19 вирусот, тогаш може доколку сака да се префрли во државните клиники, рече Филипче.

Посочи дека со приватните болници е разговарано и за кадарот што по потреба треба да биде на располагање на јавно здравствените установи, пред сѐ специјалистите по анестезиологија или по интерна медицина.

– Засега нема потреба, сосема доволен е овој број што се пријавени на список и според принцип на приоритет ќе бидат распоредени во јавно здравствените установи. Доколку се наметне потреба да се преполнат нашите капацитети во јавно здравствените установи, да се користат и болничките кревети во приватните за третман на пациенти на кои е потребна здравствена услуга заради COVID-19, додаде Филипче.

Има само уште некои дилеми за гласањето на хронично болните, за лицата на домашно лекување и во самоизолација

Министерот Филипче денеска исто така соопшти дека има само уште некои дилеми во однос на спроведување на гласање на луѓето кои се наоѓаат на домашно лекување, се во самоизолација и луѓе кои имаат хронични болести на кои треба да им се понуди да гласаат во домашни услови.

Филипче, одговарајќи на новинарско прашања дали ќе има друг протокол за изборите и дали членовите на избирачките одбори по изборите ќе одат седум дена во изолација, информира дека разговарал со претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

– Вчера разговарав со претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски, кој укажа на тоа дека оној протокол од страна на Комисијата за заразни болести и прашањата што прозилегоа од тој протокол од ДИК, а Комисијата за заразни болести ги одговори се сосема доволни. Има само уште некои дилеми во однос на спроведување на гласање на луѓето кои се наоѓаат на домашно лекување, се во самоизолација и луѓе кои имаат хронични болести на кои треба да им се понуди да гласаат во домашни услови, а во смисла на спроведување на здравствениот протокол, во рамки на тој процес пристапот кон луѓето кои се наоѓаат во домашни услови и тоа е единствената работа на која треба дополнително да одговориме, рече Филипче.

Министерот за здравство посочи дека ако се почитуваат мерките, ќе нема потреба од изолација.

– Доколку секој се придружува до мерките, и тоа е концептот на протоколот, исто како што има протокол за сите други активности, на отворен простор, на затворен простор итн., апсолутно нема потреба од никаква изолација заради тоа што таа заштита е сосема доволна. Тоа е заштитата која лекарите ја носат во услови кога работат со позитивни, заразени пациенти и не е нешто по што некој треба да биде во изолација, појасни Филипче.

Почна користењето на монтажната болница, каде се сместени тројца пациенти со COVID-19

Направен е увид во сите јавни здравствени установи и точно проценет е расположливиот број кревети и персонал. На Инфективната клиника од вчера практично се користи и дополнителниот капацитет на монтажната болница со дополнителни 72 кревета и во овој момент таму се сместени тројца пациенти. Ова одделение е целосно обезбедено со доктори и експерти по инфективна медицина, колеги интернисти и медицински сестри и е опремено со апарати за притисочна поддршка со кислород, пулсоксиметри, монитори и целата друга медикаментозна терапија која што е потребна за третман на пациентите.

Министерот за здравство Филипче рече дека во однос на капацитетите во болницата во Битола, во овој момент таа располага со вкупно 20 слободни кревети, а овој капацитет со дополнителен број кревети може да се надополни и од другите одделенија.

– Во оваа болница состојбата со кадарот е добра и не недостига дури и ако се активираат поголем број кревети. На располагање се 16 кревети во болницата во Кавадарци, исто така целосно е подготвен и персоналот, специјалисти интернисти и медицински сестри и во овој момент таму нема сместени пациенти. Добри се и капацитетите и во Тетовската болница. Во овој момент таму има осум дијагностицирани пациенти со оглед на големиот број позитивни од овој регион. Направен е план да се обезбедат до 100 слободни кревети, со заземање кревети од одделенија кои сега не се користат целосно односно се ставени на некој начин во резерва, потенцира Филипче.

Тој рече дека во Охрид има уште пет слободни места, меѓутоа во договор и секојдневна координација со болницата во Битола, се обезбедуваат двете болници во смисла на регионални центри, пред се за третман и на пациентите коишто доаѓаат од Струга и од струшкиот регион.

– Во ГОБ „8 Септември“, каде имаше навистина голем притисок во изминатите денови има голем број на слободни кревети, близу 250 кревети, но таму сегашниот кадар е целосно посветен во третман на пациентите кои се таму сместени и во таа смисла, со поддршка со дополнителен број лекари и сестри, за што веќе е направен список на колеги кои ќе бидат на располагање, може да се сместат и нови пациенти доколку за тоа има потреба, истакна Филипче.

Појасни дека покрај персоналот, кој што го понудиле приватните болници, може да се очекува доколку затреба да се искористат и нивните сместувачки капацитети. Засега, додаде, тоа не е потребно, но го имаме предвид како вкупна бројка на кревети, како и кревети за интензивна нега, нешто што го најавивме и што го сметавме како поддршка на нашите капацитети и на почетокот на кризата.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе