Останати спортови

Болт: Фудбалската кариера ќе ја започнам во 2018 година

21. октомври 2017 - 11:48 | Макфакс

Легендарниот Јусеин Болт, најбрзиот човек во светот, потврдил дека откако стави крај на својата кариера во атлетиката дека ќе се активира во фудбалот.

Повеќекратниот светски и олимписки шампион на 100 и 200 метри, човек кој го држи светскиот рекорд на 100 метри (9,58 секунди), ја заврши кариерата по Светското првенство во Лондон, во август оваа година.

Болт, кој е еден од најпопуларните спортисти во историјата не ја исклучи можноста од наредната година да ја започне својата фудбалска кариера.

„Многу би сакал да играм фудбал, особено сега кога ја завршив кариерата во атлетиката. И претходно кажав дека тоа е моја желба. Многу клубови ми се имаат јавено. За жал имав незгодна повреда на „задната ложа“, во август и поради тоа не можев да тренирам. Но ќе бидам подготвен да играм во 2018 година“, рече Болт за официјалната интернет страница на ФИФА.

Болт, кој има осум златни медали од Олимпијадите, никогаш не криел дека е голем навивач на Манчестер Јунајтед.

Атлетичарот од Јамајка викендов се наоѓа во САД, во Остин, каде во недела ќе го означи стартот на трката за Големата награда на САД во првенството на Формула 1.

Коментирај