Останати спортови

Болт на барање на спонзорот ја продолжува кариерата

16. август 2014 - 12:04 | Макфакс

Најголемата светска атлетска ѕвезда, спринтерот од Јамајка, Усеин Болт откри дека на барање на спонзорот ќе ја продолжи својата кариера за уште една година, односно до 2017 година.

„Мислам дека ќе ја продолжам кариерата за уше една година, спонзорите ме замолија да се натпреварувам до 2017 година“, изјави Болт.

Актуелниот светски рекордер на 100 и 200 метри, кој во својата колекција има шест олимписки злата, најави дека кариерата ќе ја заврши по Олимписките игри во Рио де Женеиро, кога ќе наполни 30 години, но се чини дека последно големо натпреварување ќе му биде Светското првенство во Лондон во 2017 година.

Коментирај