Болт „победи“ на трка во услови во кои нема гравитација
Најбрзиот човек на сите времиња, Усеин Болт, пронаоѓа различни начини да се забавува себеси, но и другите околу него, а последното нешто што го направи е трчање во услови во кои нема гравитација.
Болт неодамна го одигра својот прв фудбалски натпревар, откако во последните неколку години во повеќе ситуации ја потенцираше својата желба професионално да се занимава со овој спорт, но неговиот дебитантски настап не помина онака како што тој планираше.
Влезе од клупата, но на бројната публика немаше што да им демонстрира.
Болт сега се врати на она што најдобро го знае - трчањето, но не на она во кое ги сруши сите рекорди, туку трчаше во услови во кои нема гравитација, односно во авион, таканаречен „Airbus Zero – G“.
Во прилог погледнете ја оваа трка, во која Болт успеа да излезе како „победник“ во услови во кои гравитацијата е ниска.