Фудбал

Бомба од CalcioMercato: Конте доаѓа во Интер и ќе го продаде Икарди

6. април 2019 - 9:55 | МИА/КАЈГАНА

Поранешниот тренер на Јувентус и Челзи Антонио Конте може да го предводи Интер следната сезона, објави CalcioMercato.

Италијанскиот стратег веќе ја прифатил понудата и ја одобрил продажбата на аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди.

Икарди не играше месец и половина поради конфликт со раководството. CalcioMercato исто така предвидува дека замената за него ќе биде Един Џеко, чие заминување од Рома, според италијанските медиуми, е сѐ поизвесно.

Конте го предводеше Јувентус од 2011 до 2014 година. Под негово раководство, „тарата дама“три пати го освои италијанско првенство.

Последната работа на Конте како менаџер беше во Челзи, со кого ја освои Премиер лигата и ФА Купот.

Коментирај