Бомба во близина на стадионот на ПСЖ

Француската полиција дури сега извести дека во саботата, во близина на стадионот „Паркот на принцовите“ во Париз, била пронајдена бомба и тоа само неколку часа воочи натпреварот Парис Сен Жермен – Бордо, кој го следеле околу 50,000 луѓе.

Жител на улицата во близина на стадионот во саботата околу пет часот наутро пронашол сомнителен предмет и веднаш ја известил полицијата.

Полицијата потврди дека пронашла импровизирана експлозивна направа.

Полицијата ја деактивирала бомбата која била рачно изработена, но деталите од операцијата биле чувани во тајност до денес, бидејќи антитерористичката полиција вршела истрага во овој дел на Париз, барајќи ги лицата поврзани со овој напад.

Уапсени се пет лица, за кои се сомнева дека подготвувале терористички напад. Меѓу нив е и радикален исламист поврзан со исламистичкото движење, кој бил под полициски надзор.

„Осомничениот бил под надзор, но најверојатно ангажирал лице кое личи на него и на тој начин ги затворал агентите кои го следеле“, истакнал францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб.

Сите осомничени се наоѓаат во притвор.

Натпреварот Парис Сен Жермен – Бордо во саботата го следеле околу 50,000 луѓе.

Стадионите во Париз веќе беа мета на терористички напади.

Во неколку одвоени терористички напади на 13 ноември 2015 година во Париз, во кои починаа околу 130 луѓе, а повеќе од десетина беа повредени, една од метите беше стадионот „Франција“. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Спорт

Македонија - Швајцарија низ објектив

Read more

Македонија - Германија низ објектив

Read more

Ракометниот спектакл Франција - Македонија низ објектив

Read more

Македонија - Англија низ објектив

Read more
 

Фото

  • filter

Секси петок

Читај повеќе
  • filter

19 април 1775, почнала Американската револуција

Читај повеќе
  • filter

Најмоќниот и најскап Mustang досега

Читај повеќе
  • filter

18 април 1906, разорен земјотрес го уништил Сан Франциско

Читај повеќе
  • filter

17 април 1492, Колумбо се договорил со шпанскиот крал да бара нов пат до Индија

Читај повеќе
  • filter

Новиот SUV модел X3 на BMW одблизу

Читај повеќе
  • filter
15 април 1989, трагедијата на „Хилсборо“

15 април 1989, се случила трагедијата на Хилсборо

Читај повеќе
  • filter

14 април 1865, атентатот на Абрахам Линколн

Читај повеќе
  • filter

13 април 1928, прв непрекинат лет од Европа до Америка

Читај повеќе