Експлозијата која се случи пред една детска градинка во источниот дел на Кина, била предизвикана од импровизирана експлозивна направа, пренесе агенцијата АФП.
Кинеското министерство за јавна безбедност соопшти дека бомбата била подметната од 22-годишно момче, кое имало здравствени проблеми. Момчето загинало во експлозијата.
Според најновите информации, вклучувајќи го и момчето кое ја подметнало бомбата, во експлозијата загинале осум, а биле повредени 65 лица, од кои како што информираат кинеските медиуми, осум се во критична состојба.
На прес конференција локалните власти информираа дека експлозијата не се случила додека родителите доаѓале во градинката по своите деца и дека во експлозијата нема повредени деца или родители.