Бонева: Поднесов оставка за да си го зачувам личниот интегритет

Силвана Бонева се изјасни по повод оставката од Државната изборна комисија, која таа ја поднесе денеска.

„Поднесов оставка од Државната изборна комисија заради зачувување на мојот личен интегритет. Бруталните навреди, клевети, закани по живот преку социјалните мрежи и некролози за мене на електричните столбови низ Струмица, е целосна повреда на моите основни човекови права, честа и угледот, а се во име на демократијата, правната држава и гласот на народот“, наведува Силвана Бонева во оставката што денеска ја поднесе до Собранието.

Со ваквата хајка, додава таа, се урниса и достоинството на институцијата Државна изборна комисија на Република Македонија, како највисок државен орган кој е задолжен не само за спроведување на избори, туку и за спроведување на референдуми на државно и локално ниво.

Во документот таа уште наведува дека минатата недела членовите на ДИК биле посочени како типичен школски пример за корупција и подложени на јавен линч, со неосновани обвиненија и истовремено носење на пресуди, иако законски сме работеле, дека сме биле неморални.

„Сакам да потсетам дека со измените и дополнувањата на Изборниот законик во 2014 година се создаде законски основ, не само службите на ДИК и целата изборна администрација на локално ниво, што од 2006 до 2014 година земаше надоместок за прекувремената работа, туку и избраните и именувани финкционери во ДИК, да добиваат надоместок за прекувремената работа, за време на изборниот процес. Оваа одрдеба на Изборниот законик се применувала од 2014 година до денес, со согласност на Министерството за финансии и со средства предвидени во буџетот на ДИК, одобрени од Собранието на Република Македонија. Примената на оваа одредба досега не била оспорувана и предмет на линч на јавноста“, пишува Бонева.

Според неа, симптоматично е што линчот е после тригодишна примена на Законот и е насочен само кон деветте членови на ДИК, но не и за изборната администрација, на која исто така ѝ бил исплатен надоместок.

„Отсуствуваше расправа и реакција и од страна на Собранието на Република Македонија, кое не избра со 2/3 мнозинство на гласови, па без да се знаат фактите и Законот, станавме мета на излив на бес на јавноста, посебно насочен кон мене, со клевети, лаги и шпекулации“, наведува Бонева во оставката.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе