Чек дис аут

Бонсаи кое лебди во просторот

19. мај 2017 - 14:00 | Л.Е.

Јапонците одлучиле да ги направат слатките мали бонсаи уште покул па затоа сега и лебдат.

Дизајнерите од Хочинчу тимот ја нареклe нивната креација AirBonsai, а таа се состои од енергетска основа и лебдечка топка наречена “мала ѕвезда“. И двата дела имаат вградени магнети па на тој начин “малата ѕвезда“ со бонсаи дрвото лебди во просторот.

Основата е направена од традиционален јапонски порцелан, а потрошувачот може да се одлучи за било кое растение во земена на бонсаито.

Коментирај