Бонучи, Калдара и Игуаин: Операцијата на летото пред реализација?

Приказната која во последните неколку дена е актуелна во италијанските медиуми, се чини дека сега е на чекор од реализација.

Имено, синоќа новиот спортски директор на Милан, Леонардо Аруахо, одржа состанок со братот на Игуаин, со цел да го договори неговиот трансфер во редовите на „Росонерите“. Паралелно со тоа, Леонардо преговараше и со челниците на Јуве во врска со размената на играчи, односно за операцијата Бонучи-Калдара.

Првичните информации после синоќашниот состанок велат дека работата е завршена, односно дека операцијата на летото во Италија е пред самиот крај.

Јувентус ќе добие 20 милиони евра за едногодишна позајмица на Игуаин, чиј договор „Росонерите“ ќе бидат обврзани следното лето да го откупат за 35 милиони евра.

Кога станува збор за другата трансфер сага на истата релација, се чини дека и овде е се готово.

Леонардо Бонучи се враќа во Јуве, додека на „Сан Сиро“ ќе пристигне младиот дефанзивец Матија Калдара.

Јувентус наводно прифатил размена, а Бонучи сака да се врати „дома“, каде би требало да заработува плата од 5,5 милиони евра годишно.

Значи, да ги сумираме работите, Игуаин и Калдара ќе го засилат Милан, додека Бонучи се враќа во Јувентус, а од реализацијата на споменатите трансфери, сега не делат само ситници.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе