Бонус од 13.500 евра за работниците во Ferrari

Вработените задоволно ги тријат рацете по успешната 2022 година.

Во текот на 2022 година, Ferrari постигна рекордни деловни резултати. Италијанскиот производител испорача рекордни 13.221 автомобил, надминувајќи го резултатот од 2021 година за 18,5%, а заработката се зголеми за 16%.

Исто така, вредноста на акциите на Ferrari се зголеми за 7,3 отсто, а деловните прогнози укажуваат дека добивката (EBITDA) годинава ќе се зголеми од 1,773 милијарди евра (во 2022 година) на 2,13-2,18 милијарди евра.

Ваквите очекувања се темелат на фактот дека во вториот квартал од оваа година ќе започнат испораките на теренецот Ferrari Purosangue, со почетна цена од 390.000 евра.

Побарувачката за првиот теренец на Ferrari е толку голема што лани прекинаа со примање нови нарачки.

„Книгата на нарачки е таква што ја опфаќа целата оваа година и добар дел од следната година“, рече Бенедето Виња, извршен директор на Ferrari.

По ваквите резултати, компанијата одлучи да ги награди сите 5.000 работници за нивната успешна работа и да им исплати бонус од по 13.500 евра.

Поради ова работниците на Mercedes испаднаа „сиромашни“, со оглед на тоа што за изминатата година добија бонус од „само“ 7.300 евра.

Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Read more

Авто новости

Секси Golf

Read more

Објавен новиот план на ЕУ за забрана на дизелаши и бензинци

Read more

„Франкенштајн“ на тркала

Read more

Audi се откажува од уште еден легендарен модел

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Секси Golf

Читај повеќе

Објавен новиот план на ЕУ за забрана на дизелаши и бензинци

Читај повеќе
  • play_arrow

„Франкенштајн“ на тркала

Читај повеќе
  • filter

Lamborghini Urus го помина ирскиот третман во Carlex

Читај повеќе

Audi се откажува од уште еден легендарен модел

Читај повеќе
  • filter

Ferrari го претстави Roma Spider: Платнен покрив на преклоп и 620 КС

Читај повеќе
  • filter

Aston Martin DB6 сега вози „на струја“

Читај повеќе
  • filter

Дигиталното Porsche Nebula 928 стана реалност

Читај повеќе

Како телото ви кажува дека сте премногу уморни за да возите?

Читај повеќе