„Бонус шницла“ од 10.000 евра за традиционалните австриски ресторани кои не служат ќебапи

Традиционалните австриски јадења како што се печен стек и варено говедско месо се покажаа особено важни за Gasthaus Stich, ресторан во селото Фесинг.

Тие му помогнаа на бизнисот кој се бори да опстане со тоа што му обезбедија субвенција од контроверзната програма која ја фаворизира само традиционалната австриска кујна.

Субвенцијата за рестораните кои служат регионална и „традиционална храна“ ја доделуваат австриските десничарски власти, а медиумите и опозицијата на потсмев ја нарекуваат „бонус шницла“.

Рестораните кои служат помалку автентични австриски јадења како што се ќебапи или пици не можат да добијат помош.

„Ни дадоа 10.000 евра“, вели Михаил Штих, 39-годишен сопственик на семеен бизнис во Фесинг, село со 300 жители во провинцијата Долна Австрија.

„Последниот преживеан ресторан во едно село е институција, како црква, градско собрание или противпожарна станица“, рече тој за AFP. „Би било тешко за целата заедница да не постоеше ова место“, додаде тој.

„Бонус шницла“

Австрискиот конзервативен канцелар Карл Нехамер изјави дека сака да ја брани австриската „лајткултура“ (доминантна култура) со цел да ја прошири својата гласачка база наспроти напливот од екстремната десница пред изборите во септември.

Покраината Долна Австрија, која ја водат конзервативците заедно со екстремната десница, оваа година воведе „бонус шницлa“ за сопствениците кои отвораат традиционален ресторан во град кој нема или преземаат постоечки.

„Субвенцијата ни беше многу важна“, рече Михаел Стих додека точи пиво и го сервира преку голем дрвен бар во ресторанот, кој е украсен со ловечки рогови и распетие на ѕидот.

Тој зборува за зголемените трошоци за енергија и работна сила кои му штетат на неговиот ресторан.

„Субвенцијата е дискриминаторска“

Од почетокот на овој век, секој трет ресторан во Долна Австрија е затворен, делумно поради егзодусот на жителите од селата, делумно поради пандемијата на коронавирус и затворањето што резултираше со тоа.

Критичарите велат дека оваа субвенција е дискриминаторска, што пратеникот на конзервативната Народна партија (OeVP) Курт Хакл го отфрла. Земјските ресторани во Долна Австрија изумираат и ние сакаме да ги поддржиме“, рече тој.

Во Gasthaus Stich, кој нуди и регионални вина и сезонски јадења, како што се лисичарки со кнедли, локалните жители одржуваат важни состаноци во заедницата и често играат карти таму.

„Во малите заедници, гостилниците се центар на општествениот живот. Таму луѓето заедно слават, се смеат и плачат“, рече Оливер Фриц од Австрискиот институт за економски истражувања (WIFO).

Но, субвенцијата од 10.000 е само „капка во океанот“, рече тој. Тој праша и зошто би биле исклучени рестораните кои нудат пица или ќебапи.

„Социјалната функција важи и во италијански ресторан“, рече тој. „Ако побарувачката се развие и помладите генерации претпочитаат да јадат нешто друго, тогаш подобро е да се прилагодат бидејќи е исклучително тешко да се спротивстави на трендот“.

Во меѓувреме, Нехамер го задолжи својот министер за интеграција да дефинира што значи „лајткултур“ за земја од девет милиони жители, која, како и остатокот од ЕУ, доживеа прилив на мигранти и баратели на азил.

Како дел од неговиот „план за Австрија“ лансиран претходно оваа година, Нехамер рече дека секој што сака постојано да живее во Австрија мора да ги претставува нивните вредности, да ја прифати нивната култура и да се прилагоди на нивниот начин на живот.

Тагови
реклама

Месечината во Риби на 14 јули им носи среќа на 3 хороскопски знаци

Read more

Пристигна првата реакција на Русија на ултиматумот на Трамп

Read more

Русите први туристи во новото одморалиште во Северна Кореја

Read more

Како да го отстраните непријатниот мирис од одводите?

Read more

Бизнис

Еврото ослабе, доларот зајакна откако Трамп се закани со 30% царини за ЕУ и Мексико

Read more

Биткоинот за прв пат над 120.000 долари, Трамп: Јас сум крипто-претседател

Read more

Nvidia вреди повеќе од Mercedes, Siemens, Deutsche Telekom и Volkswagen заедно

Read more

Дали Temu влегува на европскиот пазар за храна?

Read more
 

Вести

Битолчанец возел BMW со 197 км/ч на место каде е дозволено 80

Читај повеќе

Трамп: Разочаран сум од Путин, но сè уште не сум се откажал од него

Читај повеќе

Димитров: ЕУ дозволи, тоа што за нас беше најважно и што го обезбедивме со Преспанскиот договор, сега да биде нападнато од Бугарија

Читај повеќе

Зеленски: Имав многу добар разговор со Трамп, му се заблагодарив за неговата подготвеност да ја поддржи Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Њујорк под вода, жителите стравуваат од големи поплави поради обилните дождови

Читај повеќе

32 секунди до катастрофа: Познато што се случило во последните моменти на Air India

Читај повеќе

Пристигна првата реакција на Русија на ултиматумот на Трамп

Читај повеќе

Трамп: Ѝ кажувам на Меланија за прекрасниот разговор со Путин, а таа ми вели дека повторно нападнал

Читај повеќе

Сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи

Читај повеќе