Booking.com најави реорганизација

Платформата за резервација на сместување Booking.com најави реорганизација на своето работење, сигнализирајќи дека може да ги намали работните места.

Анализата на работењето штотуку започна и уште не е донесена конкретна одлука, објавија преку е-пошта компанијата, членка на групацијата Booking Holdings.

„Ова е тежок, но неопходен проактивен чекор кој треба да ја гарантира агилноста на Booking.com во високо конкурентен сектор и иновации фокусирани на клиентите“, се вели во соопштението.

На крајот на минатата година, Booking Holdings вработуваше околу 23.600 луѓе, според годишниот извештај на групацијата, кој не вклучува посебни податоци за Booking.com.

Во петокот, групата напиша во поднесување до американската Комисија за хартии од вредност (SEC) дека ќе даде повеќе детали за временската рамка на реорганизацијата и нејзиното веројатно влијание врз вработените и финансиите „во догледно време“.

„Веруваме дека овие напори ќе ја подобрат оперативната ефикасност на трошоците, ќе ја подигнат организациската агилност на повисоко ниво и ќе ги ослободат ресурсите за инвестирање во понатамошно подобрување на нашата понуда за патниците и партнерите“, се вели во поднесувањето.

Booking Holdings додаде дека како дел од реорганизацијата ќе ги модернизира процесите и системите и ќе ги оптимизира набавките. Анализата опфаќа само Booking.com, а не и други брендови, како Priceline, Agoda, Kayak и OpenTable, истакна портпаролот на компанијата.

Кон крајот на октомври, Booking Holdings објави дека вкупните оперативни трошоци во третиот квартал биле за 14,3 отсто повисоки од минатата година, достигнувајќи 4,8 милијарди долари.

Вкупниот приход е зголемен за девет отсто, на 7,99 милијарди долари. Бројот на ноќевањата е зголемен за 8,1 отсто, на 299 милиони.

По растот на приходите следеше бруто вредноста на резервациите која достигна 43,4 милијарди долари. Бројот на ноќевањата е зголемен за 8,1 отсто, на 299 милиони. Нето добивката се задржа на минатогодишното ниво и изнесува 2,5 милијарди долари.

Побарувачката во Европа и многу азиски земји за патувања во странство е стабилна и компензира за послабите резултати во сегментот на домашни патувања во САД и Кина поради послабата лична потрошувачка во услови на макроекономски тешкотии, наведуваат тие.

Тагови
реклама

Спа центар на извори стари 80.000 години, ноќевање само 400 денари

Read more

Голем финансиски хороскоп за ЈУЛИ 2026 година

Read more

Клубот му забрани на Белгиецот Дебаст денеска да игра против Шпанија

Read more

Венера влезе во Девица на 9 јули: Што значи тоа за вашиот хороскопски знак?

Read more

Бизнис

Европа е во големи проблеми: Нов притисок врз горивата

Read more

Аеродром ќе го носи името на Доналд Трамп 

Read more

По Турција, и Египет му забрани влез на ЛГБТИ крузерот Scarlet Lady

Read more

ЕУ има нови правила за авиопатниците: Надомест за летови што доцнат, решение за рачниот багаж

Read more

Вести

Европа е во големи проблеми: Нов притисок врз горивата

Читај повеќе

Идниот британски премиер повика на поголем притисок врз Израел

Читај повеќе

Русија го осудува самитот на НАТО: Нивните одлуки би можело да имаат катастрофални последици

Читај повеќе

Вештачењето откри колку напаѓачи пукале во Нешовиќ и од која далечина

Читај повеќе
  • play_arrow

Референдум за излез од НАТО предлага претседателот на словенечкиот парламент  

Читај повеќе

Има план за атентат на Доналд Трамп, тврдат Израелците 

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Падна далновод во Шпанија, избувна пожар, има најмалку 12 мртви

Читај повеќе
  • play_arrow

Црногорскиот претседател: Европскиот пат не е откажување од нашиот идентитет

Читај повеќе

Израел: Подготвени сме да го нападнеме Иран по трет пат ако е потребно

Читај повеќе