Борачот што го нападна Конор МекГрегор се пофали на Instagram

Тепачката што се случи по крајот на мечот за титулата помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор МекГрегор остави црна трага на вечерта, која инаку беше празник за љубителите на боречки спортови. УФЦ борачот Зубаира Тукугов на Instagram се пофали дека го удрил МекГрегор по крајот на мечот.

Еден од тимските колеги на УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов на социјалните мрежи се пофали дека го нападнал Конор МекГрегор во тепачката која настана по крајот на УФЦ 229.

УФЦ борачот во перо-лесна категорија, Зубаира Тукугов, на Instagram објави видео во кое не само што признава дека намерно влетал во рингот, туку и вели дека тоа го направил со намера и план да го нападне Ирецот.

„Го удрив, како што ветив дека ќе направам. Ветив дека ќе го натерам да преземе одговорност за неговите зборови и токму тоа го направив“, вели Тукугов во видеото.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

На заметку многим !

A post shared by Fan Page Khabib Nurmagomedov (@teamkhabib_nurmagomedov) on

„Кажете ми каде мислите дека бев удрен. Никаде. Само еден полицаец ме одбутна, како што се гледа на видеото, но не бев удрен никаде“, вели тој.

Тукугов е член на УФЦ тимот на натпреварувачи во перо-лесна категорија, но нема влезено во рингот како натпреварувач од УФЦ 198 во 2016 година, кога изгуби од Ренато Моикано. Тој требаше да се натпреварува на 10 декември 2016 година, но откако не ги помина допинг тестовите, беше суспендиран на две години.

Борачот роден во Чеченија требаше да се сретне во рингот со тимскиот колега на МекГрегор, Артем Лобов, при крајот на овој месец. Поради вмешувањето на Тукугов во тепачката по вчерашниот меч, тој скоро сигурно нема да влезе во рингот како натпреварувач, а можеби ќе добие и нова суспензија.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Останати спортови

Се самоуби тренер обвинет за силување на 15-годишно девојче во САД

Read more

Петер Превц на Планица ја заврши кариерата, од судиите доби оценка 22

Read more

И одбојкарите и одбојкарките ќе играат против Грција за пласман на ЕУРО 2026

Read more

О’Мали ја одбрани титулата во УФЦ

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе