Боранија на унгарски начин

Жолта боранија на лажица е јадење за секој ден, пробајте го овој рецепт на унгарски начин.

Унгарската кујна е надалеку прочуена по вкусниот гулаш, па нема причина да не веруваме дека нивниот рецепт за жолта боранија не е добар.

Потребни состојки:
  • 2 лажици масло
  • 500 гр жолта боранија
  • 1 средна главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 среден компир
  • 1 морков
  • 1,5 л вода
  • 200 мл кисела павлака
  • 1 лажичка пченкарно брашно
  • 1 лажичка блага пипер
  • сол
  • бибер
  • 1 мал ловоров лист
  • свеж магдонос
Подготовка:

Прво исчистете го и подгответе го целиот зеленчук: боранијата исечкајте ја на парчиња, кромидот и лукот ситко исечкајте ги, компирот излупете го и исечкајте го на коцки, а морковот исечкајте го на прстени.

На масло пропржете ги кромидот и лукот додека не станат проѕирни. Тргнете ги од оган и измешајте една лажичка пипер во прав. Додадете го зеленчукот и пржете на умерен оган 2-3 минути додека мешате. Истурете вода, додадете ловоров лист, сол и бибер по вкус и варете на тивок оган додека зеленчукот не омекне.

Измешајте една кафена лажичка пченкарно брашно со павлаката, истурете малку врела течност од чорбата за да се изедначи температурата меѓу нив, убаво измешајте, па истурете во чорбатаа и мешајте додека малку не се згусне. Послужете со тазе крцкав леб и украсете со свежо сечкан магдонос.

реклама

Решена е вековната мистерија за националноста на Кристофер Колумбо

Read more

Majката на Вања: Таткото тврдеше дека е киднапирана, локацијата на Google првин нè однесе во напуштена куќа

Read more

Првите аларми за рак на дојка кои не треба да се игнорираат

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Рецепти

Чорба со пилешко и кнедли

Рецепт на денот: Чорба со пилешко и кнедли

Read more

Рецепт на денот: Есенска крем супа од печурки и зеленчук

Read more

Не фрлајте ги остатоците од зготвен ориз - подгответе вкусно јадење

Read more

Рецепт на денот: Индиска салата со пилешко

Read more
 

Магазин

Кои се петте фази на вистинската љубов?

Читај повеќе
Чорба со пилешко и кнедли

Рецепт на денот: Чорба со пилешко и кнедли

Читај повеќе

4 суплементи што треба да ги користат жените над 35 години

Читај повеќе

Астро прогноза од 14 до 20 октомври за секој хороскопски знак

Читај повеќе
  • play_arrow

Дечко, кој те учел така да правиш ајвар?

Читај повеќе
  • play_arrow

Голем триумф на Меккен Скопје на фестивалот Голден Драм

Читај повеќе

Првите аларми за рак на дојка кои не треба да се игнорираат

Читај повеќе

Несакани ефекти што се јавуваат ако не пиете доволно вода

Читај повеќе

Дали е поздраво да се пржи на маст или на масло?

Читај повеќе