Боранија со компири - ручек, но и замена за салата

Јадењето од боранија и компири се прави навистина лесно, а може да се служи и како салата.

Подготвено на овој начин, јадењето од боранија и компири може да послужи како прилог и како главно јадење, во зависност од тоа колку сте гладни. Дури и оние кои не се љубители на боранија, кога ќе се подготви со омилениот зеленчук нема да можат да одолеат. Сѐ е многу едноставно, боранијата прво се вари, а потоа се додава во претходно пропржените компири.

Потребни состојки:

  • 300 гр зелена боранија
  • 2 компира со средна големина
  • 120 мл вода
  • 100 гр шери домати
  • 1 кромид
  • зелени маслинки
  • 20 мл маслиново масло
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Ако летово сте замрзнале зелена боранија, искористете ја сега, ако не, можете да купите и замрзната. Ако вашата е замрзната исечкајте ја на помали парчиња, а доколку е купечка тогаш ставете ја цела во тенџере и прелијте ја со вода. Посолете ја и варете додека на проврие, а потоа оставете ја уште 7-8 минути. Компирите  исечете ги на коцки, па на загреано масло прво пропржете го сечканиот кромид, а потоа додадете ги компирите. Кратко пржете, па додадете шери домати пресечени на половинки, посолете, побиберете и истурете вода (709 мл) во која претходно варевте боранија. Кога водата ќе почне да врие, поклопете и варете 8 минути. Проверете дали компирите се доволно меки, па додадете боранија и турете уште малку од водата во која се варела боранијата (околу 40 мл). Додадете маслинки кои претходно на кратко сте ги потпекле и промешајте. Оставете на оган уште 2-3 минути.

Или, следете ги постапките на видеото (само игнорирајте го напишаното на македонски бидејќи е невешто преведено со Google Translate):

Remote video URL
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Рецепти

Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Read more

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Read more
 

Магазин

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе