Големиот УФЦ спектакл е загарантиран – закажан е за 18 јануари, 2020 година.
Претседателот на УФЦ Дејна Вајт потврди дека во Лас Вегас ќе се соочат Конор Мекгрегор и Доналд Сероне.
Мечот на УФЦ настанот 246 ќе се одржи во велтер категорија, а ќе се соочат две ММА легенди.
Ирецот Мекгрегор (31) има скор од 21-4, но се нема борено по поразот од Хабиб Нурмагомедов во октомври, 2018 година.
Од друга страна, Американецот Сероне (36) држи рекорд во број на победи (23) и прекини (16) во УФЦ, но и тој беше поразен во последните две борби – од Тони Фергусон и Џастин Гејџи.