Борба за дечко во новата реклама на Coca-Cola
Ривалството меѓу браќата и сестрите е добро позната приказна. Маркетинг тимот на Coca-Cola ја користи таа приказна во современ контекст: брат и сестра се натпреваруваат кој ќе му однесе ладна coca-cola на симпатичниот дечко кој го чисти базенот. Рекламата досега има 3 милиони прегледи и доби пофалби за инклузивноста и промовирањето на различноста.