Жителите на станбена зграда во Кина веќе 11 години имаат невообичаен посетител: им поминува воз низ зградата.
За чудо, не се жалаат (ако ги слушате владините медиуми), бидејќи наводно, проблемот со простор е уште поголем во густо населената планинската област Чонгќинг.
Дизајнот на зградата исклучително добро се вклопува во планинскиот простор и градежниците велат дека било неопходно некако да се изведе возот да поминува низ зградата.
Возот наводно се движи на гумени тркала и произведува само 75,8 децибели бучава, што е за 10 децибели погласно од нормален разговор.
Жителите на зградта велат дека не им смета бучавата од возовите. Станар кој живее на 9. кат вели дека го слуша возот како доаѓа само кога ќе се стиши околната бучава од градот.
Станбениот блок и железничката линија се планирале две години, а изградбата траела речиси четири години. Линијата, што е дел од рутата Chongqing Line 2, беше завршена во 2005 година.
Првите пет ката од зградата се комерцијален простор, така што возот не поминува низ станови.
Станбениот дел се наоѓа од 9. до 19. кат.