ГОЛЕМИ НАПОРИ ЗА ДА ПРОРАБОТИ СООБРАЌАЈОТ ВО КАНАЛОТ

Борба за Суец: Багерот е како мравка која се обидува да сврти слон

Во тек се напорите да се помести огромниот товарен брод Ever Given што се заглави во вторникот и го блокираше сообраќајот во Суецкиот Канал.

Бродот кој е во служба на тајванската компанија Evergreen Marine и кој плови под панамско знаме, го заглави во двете насоки сообраќајот во еден од најфреквентните канали за превоз низ кој се пренесува нафта, жито и друга стока меѓу Европа и Азија.

Во средата вечерта, компанијата за испорака на услуги GAC издаде порака до клиентите дека продолжуваат напорите за поместување на заглавениот брод, но додаде дека временските услови (силен ветер) и големината на бродот ја отежнуваат операцијата.

Фотографијата со багерот што се обидува да го „спаси“ бродот е сензација на социјалните мрежи. Јакуб Јакобовски, експерт од Центарот за источни студии, ја објави фотографијата на социјалните мрежи со коментар:

„Се прашувам дали момчето во багерот знае дека 10% од светската трговија и стапката со која Европската Унија ќе се опорави по КОВИД зависи целосно од него. Тој сега буквално го спасува светот.“

URL

Веднаш, под објавата се појавија коментари, од кој убедлив „победник“ е тој дека „багерот изгледа како мравка која се обидува да сврти слон на страна“

Системот за следење на бродот покажува пет пловила што го опкружуваат Ever Given и уште три како се движат кон него. Сепак, GPS сигналот на бродот натоварен со контејнери покажува само мали промени во неговата позиција во текот на последните 24 часа.

Задачата за деблокирање на каналот им беше доверена на јапонската Nippon Salvage и холандската групација Boskalis.

Шефот на Boskalis, Питер Бердовски, не остава простор за сомнеж - ослободувањето на бродот може да трае од неколку дена до дури неколку недели. Можеи ќе треба да се растовари насуканиот брод за да се намали неговата тежина. Тогаш веројатно ќе треба да се ископа дното долж трупот, а потоа да се обидат да го тргнат бродот од плиткото со влечење.

„Може да се каже дека бродот е како многу тежок кит што брановите го исфрлиле на брегот“, објаснува експертот.

Суецкиот Канал - клучниот „автопат“ на светот

Десетици бродови, вклучително и други големи бродови со контејнери, како и цистерни со нафта и бензин и носачи од кои најголемиот дел превезуваа жито, се собраа на двата краја на каналот, создавајќи еден од најголемите сообраќајни метежи забележан со години, забележува Reuters. Агенцијата Associated Press пишува дека има најмалку 150 бродови кои чекаат да поминат низ каналот.

Низ уецкиот Канал, долг 193 километри, секојдневно поминуваат околу 30 проценти од глобалниот обем на товарни бродови, како и околу 12 проценти од целата светска трговија со сите стоки.

Експертите во бродската индустрија велат дека поради блокадата, некои од бродовите ќе мора да бидат пренасочени да пловат околу јужниот дел на Африка, доколку блокадата не биде отстранета во следните 24-48 часа, поради што патувањето ќе биде најмалку една недела подолго.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Свет

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Read more

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе