Дали некој е изненаден?

Борбата меѓу Тајсон и Пол можно е да биде откажана

Долгоочекуваната борба помеѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол, закажана за 15 ноември, би можело да биде одложена само еден ден пред да влезат во рингот.

Имено, 58-годишниот Тајсон ден пред борбата со 31-годишниот помлад Пол ќе мора да оди на лекарски прегледи, а по неодамнешната изјава на Ајрон Мајк тие нема да бидат рутински туку многу детални.

Медицинскиот тим на Одделот за лиценцирање и регулација во Тексас (TDLR) објави дека Тајсон ќе биде подложен на темелно испитување 24 часа пред борбата, откако неодамна изјави дека „речиси умрел“ на почетокот на оваа година.

Тајсон откри дека почнал да повраќа крв на летот од Мајами до Лос Анџелес во мај, и дека по слетувањето веднаш бил префрлен во болница, а поради неговата состојба е одложена борбата против Пол која била закажана за јули.

„Повраќав крв, а лекарите не ја исклучија можноста за смрт. Се покажа дека имам чир од 7 сантиметри. Само сакав да излезам од болница, не сакам да умрам во болнички кревет, туку во рингот“, изјави Тајсон и ги загрижи фановите, но и организаторите на борбата.

За потсетување, Тајсон и Пол треба да се соочат на 15 ноември во американскиот Арлингтон по осум рунди од по две минути, наместо стандардните триминутни рунди карактеристични за машките професионални натпревари и ќе носат ракавици од 14 унци, кои се малку поголеми од стандардните што ги гледаме на натпреварите во професионалниот бокс.

А дали ќе се борат ќе знаеме на 14 ноември по конечната одлука на TDLR.

Тагови
реклама

Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ

Read more

Не се јајца: Нутриционист откри кој е најздравиот појадок

Read more

Апасиев бара оставка од Тошковски по пожарот во Кочани: Фалц-лиценцата е обновена во ваше време

Read more

Адвокатот Марјан Витановски се откажа од одбраната на Љупчо Палевски Палчо

Read more

Останати спортови

Ника Превц постави светски рекорд во ски-скокови

Read more

Обид за измама во ски-скокови: Норвежаните на столбот на срамот откако беа разоткриени

Read more

Словенија има брат и сестра кои се светски шампиони

Read more

Голем успех на Трајковски, го освои осмото место на ЕП во сала

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Манев емотивно: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата

Читај повеќе

Италија му нуди пасош на ДиВинченцо

Читај повеќе

Матео Ратеги нема да игра во двомечот против Германија

Читај повеќе

Драматично кај Французите: Мбапе предложил Зидан да го замени Дешан

Читај повеќе

Јамал: Барселона е фаворит за освојување на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Шпански медиуми: Алонсо доаѓа во Реал и веќе отпиша двајца играчи

Читај повеќе
  • play_arrow

Роденденецот Зубац доминираше над најдобриот тим во НБА

Читај повеќе

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Читај повеќе

Бугарските легенди Стоичков, Михајлов и Бал'ков собираат средства за настраданите во Кочани

Читај повеќе