Американската морнарица и Boeing заедно испишаа историја со тоа што за прв пат направија успешно полнење гориво во лет преку поврзување на борбен авион со дрон-танкер.
Борбениот авион F/A-18 Superhornet на американската морнарица се спои со дронот MG-25 T1 на Boeing за време на лет, по што беше извршен трансфер на гориво. Тест-беспилотното летало на Boeing е едно од седумте летала кои се произведени според договорот од 2018 година. Дроновите MQ-25 треба да ја преземат улогата на специјализирани танкери кои борбените авиони ги користат за да го зголемат својот дострел, а истовремено и да се ослободат за повеќе борбени мисии.
Тест летот беше изведен на 4 јуни, а танкер-дронот MQ-25 успешно ја одржуваше брзината со борбениот авион за време на преносот на горивото.
За да успее процесот, пилотот на борбениот авион мораше да лета многу блиску до дронот за да обезбеди стабилност на полнењето. Маневарот значеше дека авионот бил оддалечен 6,1 метри од дронот и тоа неколку минути.