Борељ: ЕУ не може да го запре Израел

МИА/КАЈГАНА
/ 14.05.2021 / 08:07

Високиот комесар на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жузеп Борељ синоќа изјави дека ЕУ не е во состојба да посредува во израелско-палестинскиот конфликт.

– Повикавме да се стави крај на конфликтот, но кој може да изврши притисок врз Израел? Само САД. Европа веќе подолг период не е способна за тоа, рече Борељ во Мадрид, каде зборуваше во Институтот „Реал Елкано“ за неговата нова книга „Европската надворешна политика во време на COVID-19“.

– САД се единствената земја што може да стави крај на овој конфликт, се разбира, ако сака, рече Борељ, поранешен министер за надворешни работи на Шпанија.

Претходно, американскиот претседател Џо Бајден ја оправда интервенцијата на Израел во која од понеделникот се убиени 103 Палестинци, од кои 27 деца. Во исто време, седуммина Израелци беа убиени од ракетен напад на Хамас од Појасот Газа.

– Овој конфликт на Блискиот исток не е ништо ново, но светот гледа настрана, оцени Борељ.

Израел ја отфрли надлежноста на Меѓународниот кривичен суд и одбива истрага за воени злосторства, ниту го признава повикот на Обединетите нации да го запрат ширењето на окупацијата со градење дополнителни еврејски населби. Иселувањето на Палестинците од нивната земја и куќи во источен Ерусалим минатиот петок доведе до последниот бран насилства.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе