Борељ: Имаме предлог на маса, се надевам дека Вучиќ и Курти ќе го прифатат

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Жузеп Борељ, денеска изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Косово, Албин Курти, се поканети во Брисел на 27 февруари и оти се надева дека ќе го прифатат предлогот што им е понуден.

– Ги поканив да дојдат и да водат целодневни разговори бидејќи имаме предлог на маса и се надевам дека ќе можат да го прифатат тој предлог како начин за нормализирање на нивните односи, изјави Борељ за Deutsch Welle, пренесе Beta.

На прашањето колку е важно воведувањето санкции против Русија за патот на Србија кон Европската Унија, високиот претставник одговори дека ЕУ бара усогласеност од сите членки на меѓународната заедница, особено од кандидатите.

– Посебно од кандидатите за членство во ЕУ бараме да се усогласат со нашата надворешна политика, рече Борељ.

– Секако, Србија не се усогласува со нашата надворешна политика колку што би сакале. Тоа е дел од разговорот и ангажманот со Србија, додаде Борељ.

Вучиќ потврди дека е поканет во Брисел и додаде дека нема намера „туристички“ да оди таму, туку дека е заинтересиран за Заедницата на српските општини.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе