Борис Бекер осуден на две и пол години затвор поради финансиски измами

Германската тениска легенда Борис Бекер е осуден на две и пол години затвор поради финансиски измами и ќе мора веднаш да се упати на издржување на казната, одлучи судот во Лондон.

На Бекер му се закануваше седумгодишна затворска казна поради обид во стечајната постапка да затаи пари и лични скапоцености, вклучувајќи тениски трофеи и недвижности.

Високиот суд во Лондон прогласи личен банкрот на Бекер во пролетта 2017 година, а во рамки на спогодбата германскиот тенисер беше должен да го обелодени целиот имот, што тој не го стори. Во време на банкротот долгот на Бекер беше проценет на 50 милиони фунти.

Шесткратниот грен-слем освојувач беше обвинет по вкупно 24 точки, а прогласен за виновен по четири од нив, меѓу кои и за трансфер на пари на поранешната сопруга Барбара по стечајот.

– Забележително беше дека не покажавте каење или прифаќање на вината, рече при читањето на пресудата судијката Дебора Тејлор, додавајќи оти Бекер половина од казната од две години и шест месеци ќе мора да ја отслужи „зад решетки“, а остатокот условно. 

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Тенис

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Read more

Сабаленка елиминирана, го скрши рекетот и замина без поздрав

Read more

Сабаленка откри дека раскинала со Колцов пред да се самоубие: Срцето ми е скршено

Read more

Сабаленка на терен 72 часа по смртта на момчето и веднаш против најдобрата другарка

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе