Свет

Борис Џонсон е новиот премиер на Велика Британија

23. јули 2019 - 14:11 | Б.С.Б.

Членовите на британската Конзервативна партија го избраа Борис Џонсон за нов британски премиер. Во текот на утрешниот ден ќе биде именуван за премиер на Велика Британија, по оставката на Тереза Меј.

Џонсон ќе ја наследи Меј на позицијата лидер на Конзервативната партија, со оглед на тоа  што законски следува новиот претседател на партијата да стане нов премиер.

Тој успеа да го победи Џереми Хант, актуелен министер за надворешни работи чии шанси за победа според аналитичарите, беа исклучително мали. Од друга страна, голем број конзервативци изјавија дека не сакаат да бидат во партијата која ја води „брегзиташ“ и поранешен градоначалник на Лондон.

Џонсон беше еден од најагресивните заговорници за излез на Велика Британија од Европската Унија. Како поранешен новинар тој често сатирично ги критикуваше земјите членки на ЕУ. Иако до денес беше член на парламентот, најпознат е по улогата на градоначалник на Лондон од 2008 година до 2016 година.

Интересно е тоа што Џонсон ја има поддршката од Доналд Трамп, додека пак Џонсон го критикуваше Трамп за одлуката за забрана на влез на државјани на муслимански земји во САД. Токму поради поддршката од Трамп и сличноста во фризурите, Џонсон често го нарекуваат „англискиот Трамп“.

Како и да е, Џонсон вети дека ќе го доврши излегувањето на Велика Британија од ЕУ, а потоа насоката на Лондон ќе биде насочена кон запад, односно кон САД.

Коментирај