Борисов: Луѓето во Бугарија не чувствуваат дека се во пандемија

Бугарија е единствената земја во која работи сè и луѓето не чувствуваат дека се во пандемија. БСП сака избори, но тие не можат да организираат дури ни внатрешни избори, кажа денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов од Крџали, јави БГНЕС.

-Отсекогаш сум велел дека ги почитувам протестите на луѓето. Досега немало случај на демонстранти кои не биле сослушани и нивниот проблем не бил решен. Но, оние провокатори фрлаа петарди и флеш бомби кон полицијата, ја кршеа Софија и меѓу нив има платеници, не треба да се мешаат едни со други, рече Борисов.

Премиерот не сакаше да одговори на прашањето која мафија ја бара неговата оставка, како што сам кажа пред неколку дена.

-Ќе бидам среќен да ги искоментирам протестите доколку една вечер зборува лицето кое ќе биде нивен министер за социјални работи, друга вечер министер за финансии, а потоа со право да се споредува со нас. Ќе речеме – дојдете, владејте. Како ќе владеат, освен што знаат да бараат бесилка и ковчези, се запраша Борисов.

Според Борисов, Бугарија е единствената земја во која работи сè и народот не чувствува дека е во пандемија.

Осврнувајќи се на настаните од 2 септември бугарскиот премиер кажа дека тој ден полицијата била нападната со бес.

-Разбирам дека сакате да не вклучите во полициско насилство, но овој пат полицијата беше нападната, рече премиерот за насилниот протест од 2 септември, пренесе БГНЕС. 

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе