Борусија Дортмунд и Јувентус во јануари одат по играч на Ливерпул

Борусија Дортмунд одлично ја почна сезоната во домашната лига, но потоа направи неколку киксови, со што се симна од врвот на табелата. Тие, заедно со Јувентус, во јануари ќе тргнат по потписот на играч од средниот ред, а на самиот врв на листата се наоѓа играч на Ливерпул.

Емре Чан има останато само уште 6 месеци на неговиот договор со Ливерпул, и бара огромна плата од англискиот тим за да остане на „Енфилд“.

Чан стана еден од клучните играчи на Ливерпул и Јирген Клоп неколкупати изјави дека приоритет на тимот е да најдат заеднички јазик со германскиот интернационалец за тој да потпише нов договор. Но, Емре Чан бара плата од 150.000 фунти неделно а англискиот тим во моментот не е спремен да го награди со толку скап договор.

Јувентус веќе подолго време е заинтересиран за услугите на Германецот, а сега во борбата за неговиот потпис се приклучи и тимот на Борусија Дортмунд. „Милионерите“ од Дортмунд оваа сезона немаат цврстина и дефанзивна сигурност во средината, па се надеваат дека Чан би можел да им ги реши токму овие проблеми.

Во јануари цената на Емре Чан би требало да биде многу помала, а веројатно и Ливерпул ќе биде спремен да го продаде за да не го изгуби беспари откако ќе му заврши договорот.

Претходно и Манчестер Сити покажа интерес за Чан, но засега изгледа дека Борусија Дортмунд и Јувентус изгледаат како најсериозни кандидати за потпис на Германецот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе