Босанецот Нуркиќ топ тема во НБА - се изнапромаши

Помалку познатиот од плејадата Балканци во НБА имаше крајно лоша вечер откако сѐ што шутна кон обрачот заврши надвор од него. Затоа нов трипл-дабл запиша Никола Јокиќ.

Кошаркарите на Њу Орлеанс Пеликанс на свој терен го победија Портланд Трејл Блејзерс со 127:110, а еден од најлошите натпревари во кариерата одигра босанкиот кошаркар Јусуф Нуркиќ.

Центарот пред пет дена се врати на паркетот откако се опорави од повредата, но се уште е далеку од идеалната форма, а тоа најдобро го демонстрираше ноќеска кога буквално ништо не му одеше од рака.

Имаше значително мала минутажа од 10 минути, но ниту во тие минути не се прослави. Ниту еднаш не погоди од поле во пет обиди, двапати проба и двапати промаши од линијата за три, а успеа да фати само два скока. Згора на тоа, имаше и две изгубени топки и 2 грешки.

URL

Инаку, Пеликанс веќе во првата четвртина речиси го решија прашањето на победникот, а предноста се зголемуваше до полувремето кога беше 74:54. Блејзерс не се созедоа ниту во второто полувреме, па на крајот доживеаја заслужен и убедлив пораз од директните ривали во борбата за место во баражот.

Треј Марфи со 41 поен ги предводеше Пеликанс, додека СиЏеј МекКолум имаше дабл-дабл учинок од 22 поена и 11 асистенции. Кај Портланд најдобар беше Анфрни Симонс со 17 поени.

Remote video URL

Њу Орлеанс Пеликанс е на 10. место во Западната конференција со 33 победи и 35 порази, додека Портланд Трејл Блејзерс е на 13-тата позиција со скор 31-37.

Никола Јокиќ оствари трипл-дабл учинок во поразот на Денвер Нагетс од 120:122 на домашен терен од Бруклин Нетс. Србинот имаше 35 поени, 20 скокови и 11 асистенции.

Remote video URL

Резултати:

Денвер Нагетс - Бруклин Нетс 120:122
Шарлот Хорнетс - Кливленд Кавалирс 108:114
Филаделфија 76ерс - Вашингтон Визардс 11:93
Њу Орлеанс Пеликанс - Портланд Трејл Блејзерс 127:110
Сан Антонио Спарс - Оклахома Сити Тандер 90:102
Лос Анџелес Лејкерс - Њујорк Никс 108:112

Табела:

Standings provided by Sofascore
реклама

Од вторник Земјата влегува во златно време на сончевите затемнувања

Read more

Подгответе ги највкусните тортиља пици за само неколку минути

Read more

Каде најчесто грешиме со пиењето кафе во текот на денот?

Read more

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

Кошарка

Леброн: Не знам дали ќе играм следната сезона

Read more

Ентони Едвардс е MVP - ги предводеше Stars до возбудлива победа на Ол-стар 

Read more

Леброн стана најстар играч во историјата што постигнал трипл-дабл

Read more

Дурент ги прозва Дончиќ и Јокиќ пред Ол-стар

Read more
 

Спорт

Леброн: Не знам дали ќе играм следната сезона

Читај повеќе

Франческо Тоти се враќа во Рома

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено зошто Јута Лердам го откопчува тркачкото одело откако ќе ја мине целта

Читај повеќе
  • play_arrow

Струмичани го освоија Гостивар, Лавовите лесно со Шкупи

Читај повеќе

Единствениот спорт без жени на ЗОИ 2026: Зошто олимпискиот сон за спортистките сè уште е забранет?

Читај повеќе
  • play_arrow

Прва олимписка тепачка по 1998: Се пресметаа Французин и Канаѓанец

Читај повеќе
  • play_arrow

Ентони Едвардс е MVP - ги предводеше Stars до возбудлива победа на Ол-стар 

Читај повеќе

Сити не спие, има замена за Гвардиола

Читај повеќе
  • play_arrow

Tutosport ја напаѓа ѕвездата на Интер: Срамна прослава

Читај повеќе