ФИБА ЕВРОБАСКЕТ ЧЕШКА/ГРУЗИЈА/ИТАЛИЈА/ГЕРМАНИЈА 2022

Босна бадијала го победи бранителот, испадна од ЕвроБаскет

Кошаркарите на Босна и Херцеговина попладнево загубија од Литванија и со тоа дефинитивно не успеаја да ја минат фазата по групи иако го приредија најголемото изненадување на турнирот - победа над актуелниот шампион Словенија.

Откако првата четвртина заврши со неверојатни 28:28, Литванците потоа лесно направија разлика кога до крајот успешно ја одржуваа и запишаа победа од 87:70. Бидејќи ова практично беше директен дуел за тоа кој ќе го освои последното место од групата Б кое води во нокаут-фазата, Литванците на крајот се радуваа, а Босанците се пакуваат.

Најефикасен на паркетот беше Џанан Муса со 22 поена, но него го пратеше единствено НБА играчот Јусуф Нуркиќ со 15 поени, додека никој друг од босанскиот табор не постигна двоцифрен број на поени. Затоа, пак, шестмина Литванци имаа над 10 поени, а Јонас Валанчиунас запиша дабл-дабл со 13 поени и 15 скокови.

URL

Во 3. коло Босна и Херцеговина го приреди шокот на првенството кога успеа со 97:93 да ја совлада фаворизираната Словенија предводена од Лука Дончиќ, која е и актуелен европски шампион и еден од трите главни фаворити за пехарот годинава.

Популарните „Змајеви“ иако испаднаа, приредија одлична забава за љубителите на кошарката, а победата над првакот Словенија и натаму ќе одѕвонува како едно од најголемите изненадувања.

Од групата Б денеска се играат и последните два натпревара, кои ќе бидат само за пласман бидејќи покрај Литванија во осминафиналето сигурни се и Германија, Словенија и Франција. Досега познато е само дека Литванија ќе игра против Шпанија.

реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе