Босна „лежи“ на злато, австралиската берза се тресе

Австралиската берза ја потресе веста за растот на вредноста на „Адријатик металс“, откако компанијата соопшти дека открила нови наоѓалишта на злато.

Новите неискористени резерви на злато се најдени во средна Босна, поточно во Вареш.

Според австралиските медиуми, вредноста на акциите на комапнијата пораснала двојно по објавувањето на веста за наоѓалиштата во Вареш, а весникот „Вест Аустралијан“ објави дека оваа спектакуларна вест може на повеќе начини да се одрази на стопанството на БиХ.

Компанијата „Адријатик металс“ поседува концесија за истражување и експлоатација на минерали и руда на одредени локации во Вареш, чија вредност сега е зголемена за неколку пати.

За вредноста на овие наоѓалишта најобро зборува растот на акциите на „Адријатик металс“ на берзата ASX и тоа веднаш по објавувањето на веста дека на длабочина од неколку десетици метри низ пробните отвори се извадени примероци кои компанијата ги опиша како „коктел од висококвалитетни минерали“.

Примероците земени од локалитетот Рупице покажаа дека од еден тон ископани материјали има 4,6 грама злато, половина килограм сребро, 7,7 % олово, 10,8% цинк, 46% барит и 0,9% бакар.

Ова значи нов живот за речиси пропаднатото босанско гратче.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Бизнис

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more

Остар пад на цените на нафтата

Read more
 

Вести

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Читај повеќе

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе