Бостон ги порази Лејкерси во дербито на НБА

Лос Анџелес, 10 март 2019 (МИА) – Ѕвездата на Селтикс, Кајри Ирвинг постигна 30 поени, а Маркус Смарт додаде 16 за успехот на Бостон со 120:107 над Лос Анџелес Лејкерс во последното издание на дербито за оваа сезона во НБА.

На овој начин „Келтите“ се одмаздија на големиот ривал за поразот од пред еден месец, кога загубија на домашен терен со 128:129 со кош со сирената.

Бостон е на трето место во Атлантската дивизија и речиси сигурен за настап во плеј-офот, додека Лејкерс е на 11 место во Западната конференција со 30 победи и 36 порази.

Маркус Морис постигна 16 поени и 7 скока, а Гордон Хејворд додаде 15 поени за победниците, кои регистрираа трети успех во последните 4 натпревари при посетата во Калифорнија.

За Лејкерс само Леброн Џејмс беше на ниво, откако го забележа 80-тиот „трипл-дабл“ во кариерата, завршувајќи го натпреварот со 30 поени, 12 асистенции и 10 скока, како и седмо такво достигнување во дресот на „езерџиите“.

Домаќините не се потпираа на доста од нивните главни играчи, меѓу кои и Кајл Кузма, ЛонзоБол, Брендан Инграм, Тајсон Чендлер итн.

Резултати од НБА

Њујорк – Сакраменто 94: 102
Атланта – Бруклин 112: 114
Минесота-Вашингтон 135: 130 по продолжение
Лос Анџелес Лејкерс – Бостон 107: 120
Милвоки – Шарлот 131: 114
Портланд – Феникс 127: 120

Лидери по дивизии:

Источна конференција

Атлантска дивизија: Торонто – 47 победи, 19 порази
Централна дивизија: Милвоки – 50/6
Југоисточна дивизија: Мајами – 31/34

Западна конференција

Северозападна дивизија: Денвер – 43/22
Пацифик дивизија: Голден Стејт – 45/20
Југозападна дивизија: Хјустон – 40/25.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе