Божиќна реклама која ги одушеви луѓето низ светот
Американската компанија Xfinit пред неколку дена објави божиќна реклама која на YouTube за неколку дена има скоро 11 милиони прегледи.
Во рекламата по 37 години повторно се враќа вонземјанинот Е.Т. по истоимениот филм на Стивен Спилберг од 1982 година. Додека е на Земјата E.T. сфаќа дека Елиот е пораснат и има семејство, а технологијата целосно е променета на нашата планета.
Рекламата ги освои гледачите ширум светот, особено обожавателите на филмскиот класик.