Ода на американската класика

„Божиновски“ ја претстави колекцијата Calvin Klein watches & jewelry

Синоќа пред македонската публика во фоајето во МОБ „Божиновски часовници и накит“ ја претстави колекцијата на брендот Calvin Klein. Во оваа колекција на часовници и накит преовладува минималистичкиот стил на брендот кој веќе ја има изградено препознатливоста во овој правец.

На Македонскиот пазар овој бренд е присутен подолго време и веќе има изградено силни врски и лојалност од страна на клиентите, најмногу поради идеалната синергија на сензуалноста и природноста кои се неговата главна одлика.

„Очекувам оваа колекција на часовници и накит на Calvin Klein уште посилно да ја зацврсти лојалноста кон брендот на нашиот пазар бидејќи кога се работи за минималистичкиот стил и испишувањето на една најмала линија во однос на дизајнот може да резултира со голема впечатливост. Колекцијата ја задржува својата рафинираност и ненаметливост во континуитет, како бренд постојано следејќи ги моменталните модни трендови“, изјави Игор Божиновски сопственик и генерален менаџер на компанијата „Божиновски часовници и накит“.

Божиновски истакна дека поголеми позитивни промени и вистинско освежување на овој бренд очекува во колекциите од 2018-та година, кога во истите директно ќе биде видлив печатот на новиот креативен директор на групацијата Calvin Klein, познатиот дизајнер Рав Симонс, кој најави револуционерни промени во модната групација. 

Актуелната колекција на Calvin Klein Watches & Jewelry е украсена со новото лого кое го воведе Раф Симонс во февруари годинава, но најголем дел од колекциите за 2017-та година кога тој го превзема кормилото на компанијата веќе беа во финална фаза. На меѓународниот саем за часовници Baselworld 2017 година, за време на претставувањето на рекламната кампања на часовниците и накитот од овој бренд, Раф Симонс изјави дека како компанија не сакаат да ангажираат ѕвезди за рекламите, туку дека тие преку своите реклами ги создаваат ѕвездите.

Креативниот патерн на Раф Симонс, како што тој истакнува, е во користењето на спомените и визиите за иднината и нивното имплементирање во денешницата, создавајќи нераскинлив спој помеѓу емотивното и сензуалното, совршено претопени во минимализмот како главна одлика на брендот. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Стил

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more

Преполниот куфер ќе стане минато: Пробајте го генијалниот метод 333

Read more

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе