Авто новости

Brabus има нов „тенк“: Жари и пали со 900 коњски сили

19. септември 2019 - 17:59 | А.С.

Ако мислевте дека G класата на AMG не може да им парира на болидите, сте се излажале. Преработката на Brabus жари и пали во секој поглед.

Тоа воопшто не изненадува, имајќи предвид дека Brabus повторно одлучи да се води по рецептот „Ништо не е премногу“, а тука не се мисли само на луксузот, ами и на перформансите на Mercedes-AMG G63.

За почеток, под хаубата има мотор од S600L, V12 кој стандардно нуди 530 коњски сили. Оттука почнуваат преработките, вклучувајќи го зголемувањето на работниот волумен, па епилогот се 900 коњски сили и максимален вртежен момент од 1.500 Nm, што од практични причини беше намален на 1.200 Nm.

Сев ова е доволно за да може G класата да го носи епитетот Најмоќен V12 теренец на светот, но и да забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,8 секунди. Максималната брзина е ограничена на 280 км/ч, иако брзинометарот е гравиран до 300 км/ч.

За оние кои се загрижени колку ќе загадува овој моќен тенк, добрата вест е дека има само 10 примероци.

Коментирај