Brabus Rocket е „ѕвер“ со 888 коњски сили
Додека го очекуваме новиот модел на Mercedes AMG со околу 800 КС, од Brabus подготвија уште помоќен модел.
Се работи за моделот Rocket 900 кој е модифицирани верзија на моделот GT63 S.
Автомобилот има V8 мотор од 4,5 литри. Испорачува 888 коњски сили и 1.050 Nm максимален вртежен момент.
Од 0 до 100 км/ч забрзува за 2,8 секунди, а до 200 км/ч за 9,7 секунди. Од 0 до 300 км/ч забрзува за неверојатни 23,9 секунди. Максималната брзина е ограничена на 330 км/ч.
Brabus Rocket 900 чини 435.800 евра.