Брачни тајни за кои не треба да разговарате со пријателите

Постојат некои работи од брачниот живот кои дури ни вашата најдобра пријателка не треба да ги знае. Убаво е да си има пријателка на која може за сè да ѝ се доверите, но некои ситуации и работи од брачниот живот заслужуваат да останат меѓу вас и брачниот партнер.

За доброто на вашата брачна заедница, еве кои брачни тајни треба да ги задржите меѓу вас:

1. Колкави долгови имате

Скоро секој брачен пар има некакви долгови, но тоа не е тема со која би требало да разговарате со пријателките. Ако се жалите дека сте во големи долгови или се фалите дека имате мали долгови пријателите можат погрешно да ве разберат и во двете ситуации. Во првата, дека немате пари за летување и дека тие ќе треба да ве финансираат ако одите заедно на одмор или во вториот случај, дека се фалите колку малку должите додека тие се премногу задолжени.

2. Кои ваши пријателки не му се допаѓаат на сопругот

Немојте да дозволите брачниот живот да ве оддалечи од пријателките. Ако на вашата блиска пријателка не ѝ се допаѓа вашиот сопруг или обратно, немојте тоа да им го кажувате. За тие несимпатии немојте да зборувате ниту пред другите пријателки, особено ако таа личност воопшто не ја заслужува нетрпеливоста од страна на вашиот сопруг.

3. Детали од сексуалниот живот

Во женско друштво е навистина интересно да се разговара за сексот, но некои детали треба да останат во вашата спална соба. Големината на пенисот, фетишот кој вашиот сопруг го сака, неговите фантазии и слични интимни детали треба да останат тајна меѓу него и вас.

4. Со кого би имале секс од друштвото

Некои брачни парови се шегуваат за тоа со кого би имале секс или со кого би немале од заедничкото друштво. Нормално  е да се има фантазии, но опасно е да ги делите со другите. Ако на некоја пријателка ѝ кажете дека мечтаете да имате секс со сопругот на друга пријателка тоа може да доведе до непријатна ситуација. Затоа оваа работа немојте да ја делите со никој друг освен со сопругот.

Но, ако е љубоморен тип подобро да не ја делите ни со него.

реклама

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе