Брајан Кренстон едвај чека да се појави во нов филм за „Breaking Bad“

Универзумот на „Breaking Bad“ постојано се проширува со нови проекти, серии и филмови. „Better Call Saul“ доби одлични критики, па тоа го мотивираше креаторот на оригиналното шоу да „ги засука ракавите“ и да поработи на долгометражен филм, кој беше најавен при крајот на минатата година.

Дали тоа значи дека Волтер Вајт се враќа од мртвите?

Брајан Кренстон, кој го толкуваше ликот на Валтер Вајт во серијата „Breaking Bad“, гостуваше во радио шоу и разговараше токму за серијата која му ја врати кариерата. Тој беше скоро заборавен по крајот на серијата „Malcolm in the Middle“ и неколку години не добиваше ниту филмски, ниту телевизиски улоги.

„Од реалистична гледна точка, ако некогаш бидам повикан да глумам во долгометражниот филм или во ‘Better Call Saul’ – што не знам дали ќе се случи – не би чекал ниту секунда туку веднаш би прифатил“, рече Кренстон.

Тој рече дека улогата во „Breaking Bad“ му го променила животот, како личниот така и професионалниот. Поради улогата на Волтер Вајт, тој добил шанси кои никогаш не ни помислил дека ќе ги добие.

Сепак, продуцентите на филмот и креаторот Винс Гилиган беа јасни околу долгометражниот филм – тој нема да биде фокусиран на Волтер Вајт. Иако тоа не значи дека нема да го видиме ликот на Хајзенберг, шансите за неговото појавување се многу мали.

реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе