Браќа Манаки со престижна награда од Британското здружение на кинематограферите

Британското здружение на кинематограферите (BSC) ја додели својата специјална награда за достигнување (Special Achievement Award) на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Признанието му беше врачено на свечена церемонија во Лондон на директорот на фестивалот, Симеон (Мони) Дамевски.

На оваа церемонија се доделуваат годишните награди на BSC за животно дело, за кинематографери на студентски, краткометражни и долгометражни филмови, серии и технолошки достигнувања. Настанот е еден вид британски Оскари за луѓе од кинематограферската и сродните професии.

Оваа награда претставува исклучителна чест за фестивалот, кој веќе четири и пол децении ја слави уметноста на кинематограферите и ја истакнува нивната клучна улога во создавањето на филмската магија.

Како најстар фестивал во светот посветен исклучиво на кинематограферите, „Браќа Манаки“ го носи наследството на Јанаки и Милтон Манаки, првите филмски хроничари на Балканот, чие дело ги постави темелите на визуелното раскажување во регионот.

Британското здружение на кинематограферите, едно од најголемите и најзначајни професионални здруженија во светската филмска индустрија, ја доделува оваа награда како признание за поединци или групи поединци што посветено ја слават кинематографијата и придонесуваат за нејзината афирмација. Во образложението на Британското здружение на кинематограферите (BSC) се истакнува дека фестивалот „Браќа Манаки“ не само што ја негува оваа уметничка форма туку и претставува платформа за нови генерации кинематографери, кои со својата визија ја обликуваат иднината на светската кинематографија.

Битола, родното место на браќата Манаки, повеќе од еден век е симбол на визуелната уметност и дом на овој значаен фестивал. Прекрасна коинциденција е што токму во Лондон, градот од каде што браќата Манаки ја набавија својата легендарна камера „урбан биоскоп“, произведена со сериски број 300, денес фестивалот што го носи нивното име добива вакво признание.

„Битола е нашата вечна инспирација, градот во кој светлината и сенките танцуваат во хармонија создавајќи приказни што го надминуваат времето. Лондон, пак, е местото каде што нашите предци ја пронајдоа алатката за оваа магија –  нивната камера ‘урбан биоскоп 300’. Денес, со ова признание се затвора кругот меѓу двата града поврзани преку љубовта кон филмот и уметноста на кинематографијата“, вели директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон (Мони) Дамевски.

реклама

Кои се придобивките од миењето со ладна вода?

Read more

Топол напиток погоден за почеток на денот: Се смета за најдобра замена за кафето

Read more

Дали ја знаете симболиката на кршењето со јајца за Велигден?

Read more

Кои се најчестите карактеристики на емоционално незрелите партнери?

Read more

Култура

Бесплатен концерт на македонско-турско дуо во Даут Пашин Амам

Read more

Браќа Манаки објави повик за пријавување филмови за 46. издание

Read more

87 дела од колекцијата на МСУ-Скопје ќе бидат изложени во Љубљана

Read more

Велигденски концерт со грандиозната Голема миса во Це-мол од генијалниот Моцарт

Read more
 

Вести

Ватикан активира специјален режим по смртта на папата

Читај повеќе

Опожарена површина од околу 7 хектари со трска во Охрид

Читај повеќе

Почина папата Франциск

Читај повеќе

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1.740 кг небезбедна храна

Читај повеќе

Трамп: Се надевам на брз договор меѓу Украина и Русија, и двете држави можат да направат богатство

Читај повеќе

Лукашенко потврди дека имаат планови со Путин

Читај повеќе

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Читај повеќе

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи

Читај повеќе

Меџити: ВЛЕН ќе се менува, платформата станува партија

Читај повеќе