Бракот не ме интересира, јас одамна сум оженет за науката: Никола Тесла ја одбил најубавата жена на своето време

Кога на Балканот се зборува и се пишува за научникот Никола Тесла, најчесто се дискутира за неговото потекло.

Малку е познато дека српскиот поет Лазар Костиќ бил близок пријател со Тесла и дека во едно писмо до него му предложил да се ожени со Ленка Дунѓерски, една од најубавите и најобразованите жени на нивното време.

Оваа информација ја потврдува Перо Зубац во документарецот за Костиќ во кој се спомнува пријателството на поетот и научникот.

Костиќ со години бил заљубен во Дунѓерски, која била 30 години помлада од нег. За да се оддалечи од неа засекогаш, му предложил на Тесла да се ожени со неа.

На предлогот на Костиќ да се ожени со Ленка, која тогаш имала 25 години и била ќерка на еден од најбогатите луѓе во Србија во тоа време, Тесла одговорил:

„Бракот не ме интересира, јас одамна сум оженет за науката.“

Тесла никогаш не се оженил и тврдел дека неговата девственост му помага во научните достигнувања.

Кога бил помлад имал изјавено дека се чувствува дека не е доволно добар за една жена, бидејќи ги сметал жените за супериорни во секој поглед.

Неговото мислење почнало да се менува низ годините и подоцна рекол дека смета оти жените се обидуваат да ги надминат мажите и да бидат подоминантни. Тесла со презир почнал да ја гледа ваквата „нова жена“ која според него почнува да ја губи женственоста обидувајќи се да дојде до моќ.

Во интервју за „Galveston Daily News“ објавено на 10 август, 1924 година тој изјавил:

„Нежната жена со тивок глас која ја обожавав, стана жена која смета дека главниот успех во животот се состои од тоа да биде што е можно повеќе како мажот – во начинот на облекување, во гласот и во постапките, во спортот и во достигнувања од секаков вид... Тенденцијата на жената да го истурка мажот на страна, да го замени стариот дух на соработка со него во сите сфери од животот, мене многу ме разочарува.“

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе