Во документарците од дивината најдобро се гледа силата на природата. Што се случува кога лав ќе биде нападнат од глутница хиени, дали ќе успее да се спаси?
BBC Earth неодамна сподели видео од документарецот Dynasties во кој еден лав е нападнат од 20 хиени. Лавот херојски се труди да се одбрани, но хиените се познати по нивната упорност и желба за крв. Токму кога изгледа дека е дојден неговиот крај, се појавува брат му. Хиените отстапуваат пред новодојдениот лав и бегаат од него.
Брат брата не рани, тешко кој го нема важи и во природата.