Братот на Гранит Џака загрижен го моли да не оди во Србија

Швајцарија в сабота ќе игра против Србија во Лигата на нациите, а тоа ќе биде нивни прв дуел по пресметката на СП 2018 и 2022.

Сите очи се вперени во капитенот на Швајцарија, Гранит Џака, чиј постар брат Таулант дури и го молеше да не игра во Србија.

Гранит Џака на Светското првенство во Русија го покажа албанскиот орел кога постигна гол, додека во Катар 2022 се фати за меѓуножјето додека пцуеше на клупата на српската репрезентација, поради што е омразен во таа земја.

Неговиот брат Таулант е свесен за тензиите кои би можеле да бидат присутни на следниот натпревар, па дури побарал од Гранит да размисли дали воопшто треба да игра во Србија.

„Од прва рака знам колкав притисок и емоции треба да издржиш на овој натпревар“, изјави Таулант, кој е албански репрезентативец, а имаше можност да игра против Србија во 2014 година.

Тој откри и дека веднаш по жрепката го зел телефонот и му предложил на Гранит да не игра.

„Му предложив на Гранит да разговара со тренерот Мурат Јакин и можеби да го прескокне овој натпревар, но сите го знаеме брат ми, тој сака да го игра секој натпревар за Швајцарија“, изјави Таулант Џака за швајцарски Blick, додавајќи:

„Не е лесно да се остане под контрола 90 минути кога работите повторно стануваат толку емотивни. Гранит мора да остане смирен, да игра фудбал, да победува и да ги игнорира провокациите. Лесно е да се каже, но на крајот се се сведува на тоа: играјте го натпреварот и победете“, рече Таулант Џака.

Натпреварот меѓу Србија и Швајцарија е закажан за в сабота, а ќе се игра во Лесковац.

Тагови
реклама

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Што е најевтино за возење: Електричен автомобил, бензинец или дизелаш?

Read more

Која е најдобрата заштита за автомобил од град?

Read more

Кливленд шокатно испадна, пирови 44 поени на Јокиќ

Read more

Фудбал

Романо: Алонсо целиот свој живот се подготвуваше за овој момент

Read more

Зошто Барса нема да слави на теренот ако утре стане шампион?

Read more

Иконската Сампдорија падна најниско во својата богата историја

Read more

Интер со најголема заработка меѓу италијанските клубови во историјата на ЛШ

Read more
 

Спорт

Романо: Алонсо целиот свој живот се подготвуваше за овој момент

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Барса нема да слави на теренот ако утре стане шампион?

Читај повеќе

Иконската Сампдорија падна најниско во својата богата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Кливленд шокатно испадна, пирови 44 поени на Јокиќ

Читај повеќе

Интер со најголема заработка меѓу италијанските клубови во историјата на ЛШ

Читај повеќе

Мајкл Џордан ќе стане стручен коментатор на НБА натпреварите

Читај повеќе
  • play_arrow

Сити го краде најдобриот играч на Милан како замена за Де Брујне

Читај повеќе

Бразил мора да ги менува правилата за пушење поради Анчелоти

Читај повеќе
  • play_arrow

На прагот сме на голема сензација и елиминација на Бостон и Голден Стејт

Читај повеќе