Братот на Погба му порача на Јунајтед: Продадете го сега или нема ќар

Постариот брат на Пол Погба го предупреди неговиот клуб дека доколку не го продаде сега ризикува да не оствари профит од него.

Французинот константно е поврзуван со заминување од „Олд Трафорд“, а неговиот договор со Манчестер Јунајтед е до јуни 2022 година. Пред некој месец самиот изјави дека голема желба му е да настапува за Реал Мадрид, па доколку Манчестер не му дозволи да си замине ризикува да го изгуби без ни цент профит откако ќе му заврши договорот.

Матијас Погба е негов постар брат, исто така фудбалер, но не толку успешен. Последно играше за шпанска Расинг Мурсија од каде си замина зимава, а е доста близок со Пол.

Говорејќи во шпанската ТВ емисија за фудбал „El Chiringuito de Jugones“ тој рече дека неговиот брат е среќен во моментов во Манчестер, но дека не покажал никакви индиции дека има намера да остане и по истекот на договорот.

„Тој е среќен, ја подобрува својата игра. Има уште една година од неговиот договор. Не знам дали ќе си оди сега или потоа, но она што можам да ви го кажам е дека ако Јунајтед сака да заработи пари, мора да го продаде сега. Тоа е јасно како ден. Ако не, ќе си замине за беспари бидејќи не сум слушнал ништо околу продолжување на договорот“, рече тој.

Погба настапува за Манчестер Јунајтед од летото 2016 година кога за 70 милиони евра дојде од редовите на Јувентус. Интересно, четири години претходно Јуве го донесе токму од Јунајтед и тоа бесплатно. Синоќа преседа на клупата додека неговите соиграчи го прегазија Саутемптон со 9:0.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе