Нема кој не сака да се освежи со точено пиво на стадион, а Фудбалскиот прволигаш Тиквеш од Кавадарци на своите навивачи тоа и им го овозможи, но заборави една работа - пиво значи и физиолошки потреби, а некој заборавил да постави тоалети на трибините.
Еден верен навивач убаво ги потсети што фали за вистинско уживање во пиво.
Градскиот стадион во Кавадарци не е во сопственост на клубот, туку на Општина Кавадарци, па еве убава можност да се ангажираат, да постават тоалети и нивните кавадарчани да уживаат во натпреварите без размислување каде на полувреме да претрчаат за олеснување и правење место за ново пиво.