Бравурозен хајлајтс на кумановски начин

Фудбалскиот третолигаш Башкими од Куманово објави необичен хајлајтс од нивниот натпревар од изминатиов викенд против Петровец, кој го доби со 2:0.

Поранешниот прволигапш и освојувач на пехарот од Купот на Македонија одамна е заглавен во пониските лиги. Сезонава се наметнува како еден од фаворитите за првото место и разигрување за пласман во втората лига, но добрите игри од теренот некако слабо ги префрлуваат во техничка обработка на YouTube, иако самото тоа што имаат канал на оваа социјална мрежа - е навистина за пофалба.

Башкими на YouTube објави 2 и пол минутен хајлајтс од 2:0 победата  на домашен терен над Петровец. И кога човек ќе помисли дека за толку време ќе погледне шанси и голови, следува големо изненадување, да не речеме разочарување.

Во првите триесетина секунди гледачот има чест да гледа како играчите на двата тима полека излегуваат на теренот. Потоа следува редењето среде терен, поздрав кон публиката, поздравување меѓу играчите, поздравување со судиите, фрлање паричка и бирање топка или страна, за потоа судиите да се упатат секој на своето место (да, дури и тоа го има на хајлајтсот).

На точно 2 минути и 10 секунди од овој незаборавен хајлајтс главниот судија означува почеток на натпреварот, а гледачот има чест да го види и почетниот удар.

Конечно, потоа доаѓа моментот кој секој што отвора хајлајтс чека да го види - голови или шанси.

Башкими, секоја чест! Од 2 минути и 35 секунди долго видео насловено како хајлајтс, она што навистина вреди да се погледне почнува дури на 2:11 и трае само 24 секунди.

Remote video URL

Но, техничкиот тим на Башкими не смее да се разочара! Од грешките се учи, па ги охрабруваме наредното видео да биде за вистинска пофалба.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

#мкфејл

Македонските медиуми и споменикот на Волкот во Белград

Read more

Бурек економија

Read more

Шахтите во светот и кај нас

Read more

На Водно на чист воздух...

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе