Бразил: Бесплатна пијачка за секој пад на Нејмар

Нејмар да Силва е една од најголемите ѕвезди во светскиот фудбал во моментот, но голем дел од фудбалските фанови често знаат да го критикуваат поради неговото однесување на теренот. На почетокот на СП 2018 беше мета на шеги за неговата фризура, додека сега главна тема е неговото постојано симулирање и „глумење“ на фаули.

Тој посебно го навлече гневот на себе по театралниот пад во мечот против Костарика, кога само ВАР технологијата помогна за да биде избегнат срамен пенал за Бразил.

Со однесување на Нејмар се шегуваат дури и неговите сонародници, иако тој е најмногу фаулираниот играч на целиот Мундијал. Статистиката вели дека тој бил фаулиран десетпати против Швајцарија, што е најмногу на еден натпревар на СП од 1996 година наваму.

По тој повод, еден бар во Рио де Жанеиро реши да го направи гледањето на првенството поинтересно, па одлучи дека ќе ги почести гостите кои го гледаат натпреварот таму со пиво секогаш кога Нејмар ќе падне на земја на „Откритје арена“ во Москва, на мечот против Србија.

Нејмар беше фаулиран четирипати, а падна на земја барем уште толку пати, што значи дека присутните во барот пиеја на сметка на куќата цела вечер.

Поради оваа новост барот Sir Walter Pub доби рекорден број на резервации. Бразилците се свесни дека Нејмар често сака да лежи на тревата, па затоа ги зафатија столчињата во овој бразилски бар пред мечот со Србија.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Фудбал

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more
 

Спорт

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе